Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 4 x 150гр. говедски стек
- 2 лажички маслиново масло
- 120гр. зелена салата
- 400гр. варена леблебија
- 450гр. цвекло, сецкано
- 1 главица црвен кромид, тенко сецкан
- 200гр. фета сирење
Подготовка
Премачкајте ги стековите со масло и зачинете ги со сол и бибер по вкус. Загрејте ја скарата. Печете ги стековите по 10 минути од секоја страна. Ствете ги потоа во чинија и покријте ги со фолија.
Во длабок сад измешајте мешана зелена салата, варена леблебија и сецкано цвекло. Додадете кромид и изронете фета сирење. Зачинете со маслиново масло.
Послужете ги стековите со свежата салата.
На здравје!