Без печење

Сладолед пита

Брз леден десерт за жешки денови.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
2 ч. 

Вкупно време:
2 ч. 10 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 250 гр. чоколадо
  • 200 гр. експандиран ориз
  • 1 л. сладолед

Подготовка

Растопете во тенџере на слаб оган 200 гр. чоколадо. Потоа добро промешајте го со експандираниот ориз за целиот да се облие со чоколадото.
Префрлете го чоколадниот ориз во округло тавче и притиснете го рамномерно на дното и по страните. Ставете го тавчето во замрзнувач 10 минути за да се стегне.
Во меѓувреме оствете го сладоледот да омекне. Исецкајте го останатото чоколадо и измешајте го во сладоледот. Извадете ја тавата со ориз и истурете го сладоледот внатре. Потоа покријте ја тавата со фолија и замрзнате ја 2 часа.
На здравје!

10 август 2012 - 20:35