Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
50 мин.
Вкупно време:
1час и 10 мин.
Порции
6 лице/а
Состојки
- 180 мл. хопла
- 180 мл. млеко
- 60 мл. ликер од лимон или сок од лимон
- 120 гр. шеќер
- 1 лажичка ванила екстракт
- 6 парчиња стар леб исечени на подебели парчиња
Прелив
- 60 мл. ликер од лимон или сок од лимон
- сладолед од ванила
- нане ливчиња за декорација
Подготовка
Во еден сад измешајте хопла, млеко, јајца, шеќер, ванила екстракт и ликер од лимон. Изматете ги добро со вилушка или жица за матење.
Наредете 6 подебели парчиња стар леб во поголема тава. Прелијте го лебот со изматената смеса. Оставете го да отстои 20 минути.
Потоа ставете ја тавата во рерна загреана на 180 степени и печете го пудингот околу 40-50 минути покриен со фолија.
За да го подготвите преливот измешајте во едно тенџере 60 мл. ликер од лимон (или сок од лимон) и 60 гр. шеќер. Зовријте го на рингла преливот со постојано мешање додека да се растопи шеќерот.
Парчињата пудинг послужете ги прелиени со мала количина од преливот од лимон и шеќер, една топка сладолед од ванила и декорирајте со ливчиња нане. Пудингот можете да го послужите топол или ладен.