За љубители на урми

Полнети урми

Лесен и едноставен рецепт од урми и бадеми.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 24 бадеми, непечени
  • 24 урми

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ги бадемите на тавче за печење. Печете ги 10 минути. Потоа оставете ги 5 минути за малку да се изладат.

Со мал остар нож направете засеци во урмите. Одстранете ги семките. На местото на семките поставете по еден печен бадем. 

Послужете ги веднаш. 

26 март 2013 - 08:19