Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
5 лица
Состојки
- 5 јаболки
- 130 гр. брашно
- 3 лажици шеќер
- малку сол
- масло за пржење
- 1 дл. млеко
- 1 дл. бело вино
- 1 лимон
- 2 ќесички ванилин шеќер
- марамалад по избор
- мелени бадеми
- две белки од јајце
- шеќер во прав
- цимет
Подготовка
Во еден сад изматете ги брашното, млекото, виното, шеќер, ванилин шеќер, изрендана кора од лимон и малку сок од лимон. Во друг сад изматете белки од две јајца и потоа додадете ги во смесата.
Излупете ги јаболките и исечете ги на кругови. Потоа извадете го семето. Намачкајте на едно парче јаболко мармалад. Потоа врз него наросете мелени бадеми и залепете го со друго парче јаболко исто намачкано со мармалад. На овој начин добивате сендвич од кругчиња јаболки.
Залепете ги на овој начин сите парчиња. Потоа сендвичите панирајте ги во предходно подготвената смеса и пржете ги во тава со масло загреана на силен оган.
Испжените јаболки вадете ги на хартиена салфетка за да се впие вишокот на масло.
Послужете ги декорирани со шеќер во прав, цимет и мелени бадеми.