Чоко-карамел десерт

Мини тортички

Мини десерти од чоколадо и карамел.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

12 лица

Состојки

  • 80 гр. млечни карамели, ситно исецкани
  • 200 гр. чоколадо за готвење, исецкано
  • 125 гр. путер
  • 200 гр. кафеав шеќер
  • 3 јајца
  • 100 гр. брашно
  • 30 гр. какао
  • 1/4 лажичка прашок за пециво

Прелив

  • 80 гр. млечни карамели, ситно исецкани
  • 100 гр. чоколадо за готвење, исецкано
  • 60 мл. хопла

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Подгответе тавче за 12 мафини и обложете го со хартивчиња како за бомбици.
Растопете го на рингла на тивок оган чоколадото и путерот со постојано мешање. Тргнете го од рингла и додадете шеќер. Оставете ја смесата да одстои 2 минути па додадете ги јајцата едно по едно со постојано мешање за да добиете изедначена смеса. Додадете ги брашното, какаото и прашокот за пециво една по една лажица во чоколадниот крем и добро промешајте. На крај додадете ги исецканите карамели. Смесата распределете ја со лажица во тавчето за мафини. Печете ги 25 минути. Потоа оставете ги 5 минути да одстојат па извадете ги да се ладат.
Ставете ги карамелите, чоколадото и хоплата во длабок огноотпорен сад. Растопете ги на рингла со постојано мешање на слаб оган.
Одстранете ги хартиените држачи од колачите, поставете ги на чинија за сервирање и прелијте ги со подготвениот крем.
На здравје!

25 февруари 2013 - 21:13