Овошни десерти

Летна пудинг торта

Рецепт за лесна летна торта со кокос, малини, капини и боровинки.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 350 гр. чајни бисквити (без фил)
  • 5 лажици кокос
  • 1 лажица шеќер
  • 1 ќесичка ванила пудинг
  • 1/2 л. + 5 лажици млеко
  • 150 гр. малини
  • 150 гр. капини
  • 150 гр. боровинки

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Изронете ги чајните бисквити на ситни ронки, додадете 5 лажици кокос и 5 лажици млеко и добро измешајте ги. Потоа префрлете ја смесата во тавче и испритискајте ја на дното и по страните од тавчето. Ставете ја да се пече во загреаната рерна 10 минути, додека да добие светло кафеава боја. Потоа извадете го тавчето од рерна и оставете ја смесата да се излади.
Овошјето измијте го и оставете го да се исуши.
Сварете го пудингот од ванила во 1/5 л. млеко по упатството на ќесичката. Потоа пудингот рамномерно истурете го во тавчето со печениот бисквит. Дозволете да се малку излади неколку минути па распределете го овошјето врз пудингот. Покријте ја тортата со фолија и ставете ја во фрижидер за да се излади околу 4 часа.
Уживајте!

8 август 2012 - 07:00