Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
5 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 200 гр. темно чоколадо, рендано
- 25 гр. путер
- 3 јајца, одвоени белки од жолчки
- 1 лажичка ванила
- 250 мл. хопла
- кандирано или свежо овошје (вишни, јагоди...)
Подготовка
Растопете го чоколадото со путерот во тенџере на рингла на слаб оган. Потоа оставете го 5 минути на страна малку да се излади.
Со лажица измешајте ги жолчките и ванилата во растопеното чоколадо.
Со миксер изматете ја хоплата и потоа додадете ја во чоколадото и измешајте ја за да добиете изедначена смеса. Со миксер изматете ги белките во цврста пена. Потоа внимателно додадете ги во чоколадниот крем.
Кремот поделете го во чаши за сервирање и ставете го во фрижидер 3 часа.
Декорирајте со шлаг пена, течно чоколадо и кандирано овошје по желба.