За љубители на чоколадо

Чоколаден крем

Вкусен и брз чоколаден крем.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 250 гр. чоколадо за готвење
  • 250 гр. шлаг пена од ќеса
  • 400 мл. хопла
  • 2 лажици какао

Подготовка

Искршете го чоколадото на коцки и растопете го во тенџере на тивок оган. Потоа оставете го да се излади.

Во сад изматете ја шлаг пената според упатството на ќесата. Потоа во шлагот додадете ја хоплата и добро измешајте. На крај додадете го изладеното чоколадо и измешајте го кремот.

Поделете го кремот во 6 подлабоки модли. Оставете го да се излади во фрижидер 6 часа пред да го послужите.

Послужете го кремот декориран со шлаг и какао.

Пријатен апетит!

6 јануари 2013 - 21:16