Колачи

Бели колачи

Вкусен рецепт за колач од бело чоколадо и ореви.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

18 лица

Состојки

  • 1 лажица растопен путер
  • 150гр. бело чоколадо, искршено на коцки
  • 100гр. путер
  • 2 јајца
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 190гр. брашно
  • 145гр. ореви, сецкани
  • 155гр. шеќер во прав
  • дополнителен шеќер во прав за декорација

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте тавче со една лажица растопен путер. Обложете го со хартија за печење.
Ставете ги чоколадото и путерот во длабок огноотпорен сад над длабоко тавче со зовриена вода на рингла. Огноотпорниот сад не треба да ја допира водата. Со метална лажица мешајте го чоколадото и путерот додека не се растопат на пареата. Оставете ја смесата да се излади 5 минути.
Во еден сад изматете ги јајацата со ванила. Додадете ги јајцата и ванила екстрактот во чоколадната смеса и мешајте додека да се соединат.
Во длабок сад измешајте брашно, ореви и шеќер. Полека додадете ја чоколадната смеса и добро промешајте. Префрлете ја смесата во тавчето за печење.
Печете го колачот 40 минути. Оставете го во тавчето 6 часа (или преку ноќ) сосема да се излади пред да го послужите.
Декорирајте го колачот со шеќер во прав и исечете го на коцки.
На здравје!

14 јуни 2013 - 15:06