
Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 30гр. путер
- 2 лажици кафеав шеќер
- прстофат цимет
- 2 банани, излупени и исечени на тенки парчиња
- 1 парче замрзнато лиснато тесто, малку одмрзнато.
- сладолед од ванила како прилог
Подготовка
Загрејте ја рерната на 210 степени. Поделете го путерот во 4 големи калапи за мафини. Испрскајте ги со кафеав шеќер и цимет. Наредете ги во калапите кругчињата од банана така што ќе се преклопуваат.
Со чаша исечете кругови од лиснатото тесто и покријте ги бананите. Превиткајте ги краевите. Печете го десертот 20 минути додека да добие златно жолта боја.
Послужете ги овошните банички со топка сладолед од ванила.