Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 300 мл. хопла
- 2 лажици Амарето ликер (или друг по желба)
- белка од 1 јајце
- 50 гр. шеќер
- 5-6 чајни бисквити за декорација
- 10 гр. рендано чоколадо за декорација
Подготовка
Искршете го чоколадото на коцки. Во помало тенџере ставете ја половина од хоплата и зовријте ја на рингла на силен оган. Потоа тргнете го тенџерето од рингла, додадете го чоколадото и мешајте додека да се растопи и добиете изедначена смеса.
Изладете ја смесата со тоа што ќе го ставите тенџерето во друг сад со вода со мраз. Потоа префрлете ја смесата во длабок сад, додадете го остатокот од хоплата и ликерот од Амарето и матете со електричен миксер.
Во друг сад изматете ја белката од јајце додека да добиете пена. Додавајте го шеќерот една по една лажица и продолжете со матење. Со лажица додадете ја пената од јајцето во чоколадниот крем и измешајте.
Потоа префрлете го кремот во чаши за сервирање. Чајните колачи искршете ги на ронки и декорирајте го кремот. На крај изрендајте црно или бело чоколадо врз кремот. Сервирајте го веднаш.
На здравје!