Медитеранска пита со зеленчук

Состојки

  • 1 мала тиквичка
  • 1 мал модар патлиџан
  • 1 рака Чери домати
  • 75гр Сирење
  • 500гр Лиснато тесто
  • босилек
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Земете ја Делимано тавата и загрејте ја во рерна на 150˚С. Загревањето на тавата пред печењето на питата ќе помогне таа подобро да се испече одоздола.

Чекор 2: Да започнеме со тестото. Најпрво треба добро да го одмрзнете, ако сте купиле смрзнато тесто. Ако сте го направиле сами, БРАВО! Тестото е полесно за обликување ако претходно сте го изладиле во фрижидер. Ставете малку брашно на работната маса и сукајте го тестото до дебелина од околу 1 сантиметар, а потоа исечете го во правоаголник според големината на тавата. Набоцкајте го со вилушка правејќи мали дупчиња и зачинете го со сол и бибер. Покријте го со масна хартија за печење за да не се подигне премногу додека го печете и ставете го во рерна на 150˚С околу 18 минути. Вишокот тесто исечете го на ленти кои ќе ги употребите подоцна.

Чекор 3: Време е за сечкање! Исечете ги тиквичката и модриот патлиџан на кругови, чери доматите на половинки, а сирењето на коцки. Оставете ги на страна, спремни за подоцна.

Чекор 4: Време е за Грил – загрејте ја Делимано Грил тавата на најсилен оган неколку минути пред печењето на тиквичките и модрите патлиџани. Посолете ги, ставете бибер и маслиново масло, а потоа превртете ги. Се обидуваме да ги зарумениме и оплемениме со вкус пред да ги наредиме на питата.

Чекор 5: Извадете го тестото од рерна и извадете ја хартијата за печење.

Чекор 6: Сега е на ред забавниот дел... Ќе ја редиме питата и овде имате дозвола да бидете креативне. Можете да направите било каков дизајн и декорација, но еве го мојот предлог. Наредете ги наизменично потпечените тиквички и модри патлиџани во 2 линии и потоа врз нив наредете ги лентите непечено тесто како мрежа. Како алтернатива можете да направите и шара од чери доматите и сирењето, пред да го премачкате горниот слој тесто со маслиново масло. Ние со маслиновото масло измешавме лук за да добиеме ПОСИЛЕН вкус.

Чекор 7: Вратете ја питата во рерна уште петнаесетина до дваесет минути , додека горниот слој тесто да се испече и убаво да зарумени.

Чекор 8: Извадете ја питата од рерна оставете ја да се излади 5-10 минути. Откако ќе се излади, лесно ќе ја излизгате од Делимано тавата во чинија и сервирате. Овој рецепт е одличен за јадење топол, но и ладен следниот ден

СОВЕТ: Овој рецепт е ПОЛН со вкус и е одличен за мезе или ручек со пријателите. СЕКОЈ може да се обиде да го направи, а ако постигнете друг начин на редење или успешна комбинација на состојки, пишете ни.

25 ноември 2013 - 09:10