Солени полнети палачинки со бел сос

Состојки

За палачинките ќе ви треба:

  • 100 грама брашно
  • 2 јајца
  • малку сол
  • 250 милилитри млеко
  • 50 грама стопен путер

За филот ќе ви треба:

  • 2 парчиња пилешки гради
  • 50 грама сув праз
  • 2 дебели парчиња сланина

За сосот ќе ви треба:

  • 100 милилитри млеко
  • 4 лажици брашно
  • сол и бибер
  • маслиново масло

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за палачинки, Тава за пржење, Сад за сос и Правоаголна тава.

Подготовка

Чекор 1: Ќе почнеме со сечкање и готвење на состојките за филот. Исечкајте ги пилешките гради на тенки парчиња, а потоа сланината исечкајте ја на коцки. Овде користиме сув праз, но секако дека можете да го замените со свеж праз исечкан на тенки крукчиња.

Чекор 2: Пропржете ја сланината во маслиновo масло, а потоа ставете го и пилешкото и малку зачинете. Ставете го и сувиот праз и оставете ги состојките да се пржат за да се спојат вкусовите. Немојте да додавате премногу сол, затоа што и сланината е солена.

Чекор 3: За да ја направите смесата за палачинките, изматете ги сите состојки заедно додека да се спојат и на крај додадете го и путерот за да се раствори во смесата.

Загрејте ја Делимано Тавата за палачинки на силен оган, во неа ставете само малку масло и со лажица сипете од смесата за да се покрие површината од тавата. Кога палачинката ќе биде готова од едната страна, превртете ја за да се испржи и од другата страна, но немојте да ја препржувате затоа што палачинките подоцна ќе ги печеме во рерна. Од оваа смеса треба да Ви излезат 4 палачинки.

Чекор 4: Ставете ги палачинките на маса и рамномерно распоредете го филот на секоја од нив. Потоа замотајте ги и ставете ги заедно во силиконската тава за печење. Овде правиме и едноставен, брз и густ бел сос. Почнете со загревање на маслиновото масло на среден оган и додадете 4 лажици брашно за да се згусне. Почнете да му сипувате студено млеко и мешајте за да добиете мазен, густ, и кремест бел сос.

Чекор 5 Сипете го сосот врз палачинките, ставете уште малку праз одозгора и ставете ги да се печат во рерна загреана на температура од 150 степени 15 минути.

Чекор 6 Извадете ги од рерна и сервирајте по две палачинки на човек.

СОВЕТ: Ова релативно едноставно јадење ќе биде голем успех во секој дом. Менувајте го филот или направете го сосот побогат додавајќи му кашкавал пред да го ставите во рерна. Можете дури и да ставите сушени билки во смесата за палачинки.

18 февруари 2014 - 08:00