Салата од мешан грав

Состојки

  • 100 грама бел грав
  • 100 грама мексикански грав
  • 100 грама боранија
  • 100 грама црвен грав
  • 100 грама чери домати
  • 1 цел клас слатка пченка
  • 1 главица црвен кромид
  • 50 грама маслинки

За Преливот ќе Ви треба:

  • 3 супени лажици кечап
  • 1 супена лажица црвен вински оцет
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1 кафена лажичка бибер

Подготовка

Чекор 1: Ставете ги белиот, мексиканскиот и црвениот грав во зовриена вода и варете ги околу 90 минути.

Чекор 2: Време е за сецкање: Исечкајте ги маслинките. Овде користиме зелени маслинки полнети со црвено пиперче. Исечкајте ги чери доматите на тенки парчиња. Отсечете ги врвовите на боранијата и пресечете ги дијагонално на половина. На крај исечкајте го црвениот кромид на тенки парчиња.

Чекор 3: За да го направите преливот, земете длабок сад и во него ставете 3 супени лажици кечап, 1 супена лажица црвен вински оцет и 1 супена лажица маслиново масло, а потоа додадете по 1 кафена лажичка сол и бибер. Убаво измешајте ги состојките. Овој прелив ќе и даде сладок и кисел вкус на готовата салата.

Чекор 4: Варете го класот слатка пченка заедно со боранијата околу 5 минути. Ако не можете да најдете цел клас слатка пченка, можете да ставите и зрна. По варењето ставете го класот пченка во студена вода за да можете да работите со неа. Поминете со нож по страните од кочанот за да ги извадите зрната.

Чекор 5: Време е да ги споиме сите елементи. Во сад ставете ги варените мешункасти плодови, а потоа и другите состојки. Внимателно измешајте ги заедно. На крај ставете го преливот и измешајте.

Чекор 6: Време е за сервирање: Јадењето сервирајте го самостојно како освежителен ручек кој заситува!

СОВЕТ: Оваа салата е цел оброк самата за себе. Со неа нема да останете гладни, но исто така можете да ја направите како прилог за скара или да ја сервирате на шведска маса. Можете да користите многу различни видови мешункасти плодови и да експериментирате со текстурата и вкусовите.

8 февруари 2014 - 08:00