Состојки
- 1 голем морков
- 1 црвен кромид
- Полна рака магдонос
- 1 супена лажица ким
- 400 грама варен бел грав
- 1 супена лажица брашно
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Експрес лонец и Тава за пржење.
Подготовка
Чекор 1: Гравот сварете го претходно (ако не употребувате варен грав од конзерва). Ние го користиме Експрес лонецот со кој времето на готвење го намалуваме од повеќе од 2 часа на само 40 минути, на најниска температура.
Чекор 2: Излупете ги морковот и кромидот и исечкајте ги. Додадете крупно сечкан магдонос, ким, сол и бибер.
Чекор 3: Пропржете ги овие состојки (без гравот) 10 минути додека да омекнат. Потоа додадете го сварениот грав и пржете уште 5 минути.
Чекор 4: Подготвената смеса ставете ја во подлабок сад, додадете малку масло и брашно и со рацете или со дрвена лажица замесете тесто. Тестото поделете го на два дела и од секој од нив направете топчиња, кои после ќе ги притиснете за да добијат форма на плескавици.
Чекор 5: Вака подготвените плескавици пржете ги во претходно загреано масло додека убаво да поруменат на двете страни. Сега сте подготвени да ги послужите во земичка заедно со малку салата, компири и купечки сос за скара!
СОВЕТ: Обидете се белиот грав да го замените со црвен грав или пак со наут. Убаво би било следниот пат да додадете и лут зачин или пак свеж коријандер, доколку можете да најдете.