Состојки
- 130 милилитри млеко
- 60 грама путер
- 1 супена лажица шеќер
- 60 грама брашно
- Четвртина кафена лажица сол
- Чоколаден сладолед
- Одбрани шумски плодови
- Крем
Подготовка
Чекор 1: Просејте ги заедно брашното и солта. Сеењето на брашното од поголема височина подоцна го прави тестото полесно и му дава поголем волумен.
Чекор 2: Направете дупка во средината на смесата и ставете едно јајце пред да ја измешате смесата.
Чекор 3: Започнете да истурате по малку млеко. Не грижете се многу за грутките, зашто подоцна ќе исчезнат. Можете да додадете вода или слатка павлака во смесата.
Чекор 4: Ставете малку растопен путер во смесата – доволни се 2 лажици – и почнете да мешате.
Палачинките се сега спремни за пржење.
Чекор 5: Загрејте ја Делимано тавата за палачинки на висок оган и погледнете колку лесно се прави една палачинка. Истурете ја смесата и веднаш разлејте ја по тавата...
Кога ќе биде готова, преклопете ја палачинката на половина, па уште еднаш на половина. Тргнете ја на страна.
Повторете го процесот по втор пат и ставете ги палачинките на страна за сервирање.
Чекор 6: Време е за сервирање… Овие палачинки ги сервираме со чоколаден сладолед и замрзнато овошје кое предходно го одмрзнавме... Соковите од овошјето ќе ни послужат за убав сос со кој ќе го украсиме работ на чинијата.
СОВЕТ: Палачинките многу бргу ќе станат една од омилените семејни закуски. Се прават брзо и лесно... Најголемиот дел од состојките обично веќе ги имате во домот. Сервирајте ги со пудинг, или пак за појадок со пријатели во сабота наутро.