Состојки
- 1 пакување Њоки
- 2-3 чешниња лук
- една рака рузмарин (или жалфија)
- 125 грама путер
- 25 грама пармезан
- гранче рузмарин за украсување
- сол и бибер
- маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: ВРЕМЕ Е ЗА СЕЧКАЊЕ: Прво ќе го излупиме лукот и ситно ќе го исечкаме. Зз овој рецепт не ни требаат големи парчиња лук зашто тој служи само за вкус.
Следно, го сечкаме рузмаринот на парчиња...
Чекор 2: Сега ќе го направиме сосот. Растопете малку путер во тава за пржење на средно силен оган. Не сакаме путерот да потемни или изгори.
Додека путерот се растопува, ставете ги лукот и рузмаринот.
Потоа зачинете...
Мешајте додека добиете сос, на средено до тивок оган, давајќи му на путерот доволно време да ги впие вкусовите на лукот и рузмаринот. Доколку при рака имате жалфија, наместо рузмарин можете да ставите и жалфија.
Чекор 3: Зовријте вода и зачинете ја.
Ставете ги њоките во зачинетата вода. Овде користиме њоки од продавница, но со време ќе Ви покажеме како да ги направите сами.
На њоките не им е потребно многу време за да се сварат, па така по 2 минути извадете едно парче и допрете го со прстите за да видите дали е сосема омекнато.
Тргнете ги од оган...
Чекор 4: Откако ќе ги исцедите њоките, ставете го сосот од путер и мешајте додека сосот ги прекрие сите њоки. Устата би требала веќе да Ви се навлажни.
Чекор 5: Време е за сервирање: Со лажица префрлете ги њоките во чинија.
Зачинете со бибер и изрендајте пармезан или пекарино врз њоките.
Украсете со гранче рузмарин одозгора.
СОВЕТ: Овој рецепт се приготвува за многу кусо време – можете да го завршите за 10 до 15 минути и да ги импресионирате гостите. Њоките се многу прилагодлива состојка која го поприма вкусот од другите состојки со кои ја користите. Во Мои Рецепти редовно ќе приготвуваме њоки, а со тек на време ќе Ве научиме како сами да ги направите.