Колач со овошје и снег од белки

Состојки

  • 115 грама шеќер во прав
  • 115 грама шеќер
  • белки од 4 големи јајца
  • 300 милилитри крем
  • Шумско овошје

Подготовка

Чекор 1: За овој рецепт ни се потребни само белките, па затоа рачно раздвојте ги јајцата и оставете ги жолчките на страна. Нив можете да ги искористите за правење на холандез сос или колачиња.

Истовремено загрејте ја рерната на 110 степени.

Чекор 2: Матете ги белките со рачен миксер или маталка додека да се појават цврсти врвови... Кога ќе ја добиете оваа текстура и форма, почнете полека да го додавате обичниот шеќер, една по една лажица, постојано мешајќи со средна брзина.

Чекор 3: Кога ќе го ставите целиот обичен шеќер, почнете во смесата да го мешате шеќерот во прав. Овде потребната количина шеќер во прав ја делиме на три дела и ја мешаме со лопатка. Бидете многу внимателни и нежно мешајте ја смесата за таа да го задржи воздухот и волуменот.

Треба да добиете свилеста бела смеса …

Чекор 4: Ставете малку хартија за печење на дното од Делимано тавата за печење… Снегот од белки е многу тежок за подготовка без да се залепи дури и со Делимано садовите...

Сипете го снегот од белки… сиот свилест и бел…

Потоа ставете го во рерна да се пече 1,5 час на температура од 110 степени.

Чекор 5: Во меѓувреме, земете го кремот и изматете го со миксер или маталка...

Чекор 6: Кога снегот ќе се испече, извадете од рерна и оставете го да се олади.

По неколку минути превртете го снегот на работната површина. Не морате да бидете многу уредни бидејќи наскоро ќе го измешаме со кремот и овошјето.

Земете остар нож и исечете го снегот на коцки… Ако сакате, можете да земете сукалка и да го издробите на парчиња.

Чекор 7: Ставете го овошјето со сокот во кремот… Овде користиме шумско овошје, како што се зрнестите плодови, малините и црешите….

Потоа ставете го искршениот снег од белки и мешајте ја целата смеса додека да добие текстура која изгледа и ни остава впечаток на сладолед.

Чекор 8: Време е за сервирање: Овој колач го сервираме како поединечни порции со помош на тркалезен калап, со дополнителен сок и овошје одоколу и одозгора, но можете да го сервирате и во голем сад на средината од масата, па сите присутни сами да се послужат.

СОВЕТ: Овој десерт е толку вкусен што можеби ќе го изедете уште пред да стигнат пријателите на вечера. Можете да го ставите на средина од масата со неколку лажици и да ги оставите присутните да се борат за својот дел!

15 јануари 2014 - 08:00