Клафути со цреши

Состојки

  • 450 грама цреши исчистени од семки
  • 300 грама брашно
  • 4 јајца
  • 12 супени лажици шеќер
  • Половина кафена лажичка сол
  • 1 супена лажица екстракт од ванила
  • 300 милилитри млеко
  • 300 милилитри крем
  • 140 грама путер
  • Кора од 1 лимон

Подготовка

Чекор 1: Прво, измешајте ги состојките за смесата за тестото… Потоа ставете ги млекото и кремот и измешајте... Потоа ставете ги и јајцата и продолжете да мешате.

Ставете го омекнатиот путер и мешајте додека да се спојат сите состојки…

На крај, изрендајте кора од еден лимон во смесата... И оставете ја на страна.

Чекор 2: Време е да ги исчистиме црешите…Можете да седнете надвор и да повикате неколку помошници за работата да оди малку побргу…

Потребни ни се 450 цреши исчистени од семки.

Чекор 3: Тавата намачкајте ја со путер и уверете се дека сте ги покриле сите агли и рабови, а потоа расфрлајте малку шеќер.

Чекор 4: Ставете ги црешите на дното од тавата… Протресете ја тавата за црешите рамномерно да се распоредат и потоа врз нив сипете ја смесата за тестото …

Печете на температура од 160 степени 25 минути или додека тестото да стане тврдо на допир…

Чекор 5: Време е за сервирање: Едноставно ставете големо парче од десертот на чинија... Потоа попрскајте со малку шеќер во прав и ставете уште неколку чреши како декорација.

СОВЕТ: Зошто да не ја искористите максимално сезоната на црешите и да ја сервирате оваа слатка закуска за пријателите и семејството? Извонредно е вкусна сервирана топла или студена... А можеби дури и со малку сладолед?

2 јуни 2014 - 08:00