Состојки
- 1 литар сок од јаболко
- Половина литар сок од портокал
- Половина стапче цимет
- 1 портокал
- Една рака каранфилчиња
- Половина лимон
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава со рачки.
Подготовка
Чекор 1: Сипете еден литар сок од јаболко и половина литар сок од портокал во голема Делимано тава со рачки и загрејте ги на слаб оган.
Ставете половина стапче цимет, 1 портокал наполнет со каранфилчиња и половина лимон.
Убаво загрејте ја течноста без да проврие и спремни сме за сервирање.
Сервирајте го пијалокот во висока чаша со декорација. Овде ставаме семки од калинка кои даваат убава боја и се преполни со сок кога ќе ги гризнете.
СОВЕТ: Со истава комбинација на зачини можете да направите и варено вино. Нема да не згрее само вкусот, туку и глетката на чаши од кои испарува прекрасниот пијалок и гостите како се послужуваат од средината на масата и просто уживаат.