Состојки
- 1 парче пилешки гради
- 1 земичка чиабата
- 50 грама пармезан
- 2 чешниња лук
- 5 супени лажици мајонез
- 2 супени лажици вода
- 1 главица црвен кромид
- 2 ротквички
- Листови зелена салата
- Чери домати
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Прво ќе го направиме најважниот дел од Цезар салатата – преливот. Разликата меѓу добра Цезар салата и лоша Цезар салата е само во преливот... Направете го како што треба и имате успешен рецепт.
Ставете исечкани чешниња лук и рендан пармезан во мајонезот и добро измешајте... На крајот ставете вода за да го разредите сосот и да го направите побел. Оставете го на страна за подоцна.
Чекор 2: Исецкајте го белиот леб на мали коцки за крутоните. Ова е уште една можност на рецептот да му дадете вкус... Ние користиме чиабата леб, но ќе одговара било каков леб.
Ставете ги крутоните во тава и веднаш ставете им сол, бибер и маслиново масло... Пржете го лебот често превртувајќи ги парчињата... сакаме тој да добие боја и вкус, но не и да изгори.
Чекор 3: Пресечете го парчето пилешки гради на половина, зачинете го и потоа ставете го во загреаната Делимано Грил тава… Пржете го на обете страни вртејќи го хоризонтално и вертикално за пилешкото да добие вкрстени линии.
Чекор 4: Време е за сервирање: Ке започнеме со едноставна подлога од зелена салата, а врз неа ќе ставиме крукчиња ротквичка и црвен кромид …
Следни расфрлајте ги крутоните, потоа и пилешкото, а по него ставете парчиња рендан пармезан и на крај преливот… Не срамете се... Накапете од преливот преку целата салата… Сервирањето ќе го завршиме со ротквичка и едноставно купче чери домати.
СОВЕТ: Некои верзии на Цезар салатата вклучуваат и сардели во преливот за тој да биде дополнително солен... Исто така можете да ставите и сланина или колбас за поинаков вкус. Едноставно подгответе ја салатата во голема чинија и земете 2 вилушки за себе и за пријателот. Уживајте!