Аудио Пекторис

Чичково го пуштавме и порано па после ни пиша некој од негова фамилија, демек, тргнете го, што има да го објавувате, он е само мераклија за пеење. И, еве го пак, сега со песна за Жан Митрев?! До читателите: внимателно, песната не е за оние со слабо срце. До семејството: да ви е жив и здрав и да му забраните да качува песни на Јутјуб.

Поезијата на Чорба

И нашите драги Тихо (да му дојдете на промоција, ич да не ви чуе) и Лешоски пишуваат поезија, плеткаат таму нешто... Не дека се лоши ама да бидеме објективни, не се ни приближиле до височините кои секојдневно ги поетува (без с) модерниот писател од Струга, Селман Чучул, самонаречен Селман Чорба.