Наш Крсте, од Битола, од Њујорк

Во Њујорк моментално има одлична постава Македонци, чија дружба некогаш заличува на најлежерните и најлуди будалаштини од Зизи Топ во опуштените 90-ти години. Овојпат, од сите нив најмногу нè интересира еден Крсте, психијатар.

Исцелителот за хомосексуалноста

Иван блебета во стандарден ритам, но, штосот во овој клип е што го покажува најдобриот начин да се гледаат вакви емисии: во друштво! Со заеднички провали, со аплаузи... Браво за екипата.

Македонија има блуз

Во моментов се одржува голем меѓународен конкурс за блуз и рок гитаристи од цел свет. Најдобрите 100 ќе добијат шанса да го отсвират своето во Медисон Сквер Гарден а најдобриот, да настапи со Ерик Клептон. А ние имаме наш човек во трката. (+ прилепчаните CROSSROAD BLUES BAND)

Машинка, напни!

Ќе излезе денес фасцинантен технолошки изум и цела љубопитност се сведува на тоа колку му траат батериите. Порано се седнувало и се пишувало песна за тоа! Плус ако имаш пеачка која од крштевање е предодредена за овој жанр, на слетувањето на Аполо 9 му фали само да му се додаде хармоника.