Изборите се како досаден секс: едвај чекаш да заврши, а после, кога го немаш, некако ти фали. Три сентиментални зборови од штотуку завршените локални: Пласница, Преглово, Лисичани.
По повод Светскиот ден на Ромите, бујрум фасцинантниот документарец за нашите сограѓани од Шутка. Еден час и 17 минути за најфелинијевската населба во Европа.
На некои им доаѓа да пцујат, на некои да ги сликнат па ние да ги објавиме, некои им пишуваат пораки... Читателка решила да ја омасови последнава техника и да ви состави тнр зналепници, со упатство како се подготуваат. Печатите и имајте ги секогаш при рака.