Традиционални балкански брендови

Оригиналната тема е "Традиционални српски брендови" и е дело на српскиот дизјанер Никола Пузигаќа. Човекот направил одличен редизајн на најпознатите брендови, меѓутоа бил премногу скромен па без намера да се зафаќа со останатите Балканци одлучил неправедно само Србите да ги натовари со брендовиве. Ова е за сите. Балканско, а наше.

Како вчера да се родив

Видео најава за аматерскиот филм изработен во рамки на работилница за толеранција, организирана од Институтот за етнологија и антропологија со средношколци од повеќе средни училишта во Македонија, во соработка со Црвениот крст на град Скопје. Филмот е посветен на старите лица и на волонтерите кои им помагаат во домашни услови.