Еуфорија, ромофобија

Животот ја имитира уметноста и имаме регионален видео доказ за тоа. Моментите на среќа и блаженство знаат да го преплават човек во неверојатни ситуации и поводи: да речеме, учествувате на протест против доселување Роми. Не? Да!

Суеверна Македонија

Нашите медиумски пакетчиња обично доаѓаат во пишана форма. Сега имаме и аудио издание, од радио Охрид, во кое се воведува изненадувачки свеж предлог за името. Не дека предлогот не држи, пу, пу, скраја да е.

Го памтите ли Јоже Лесничар?

Решивме да тропнеме на вратата на заборавените веб асови и налетавме на нашиот стар јунак Јоже Лесничар. Кога првпат го промовиравме него и неговиот тогашен хит "Нoстрадамус, тоа е", напишавме "Вистина или не, човек од 30 години може да размислува како дете од 5-то одделение. Тоа е." Мислите нешто се сменило?

Кoга кумановец ќе удри коментар

Мешани чувства имаме за ова. Од една страна коментарот е крајно луд и забавен. Од друга: Абре кумановац, тука ли најде да се заебаваш со охриѓани?

Документарец за Фифи

"Би се викал Барбара" е краток документарен филм за Филип Јаневски Фифи, 22 годишното момче од предградие на Скопје и неговите две најголеми желби: да стане девојка и позната пеачка. А има вродени предиспозиции за двете. Со среќа Фифи и ич да не ти чуе. Само една молба од овде, кога ќе ја оствариш првата желба, немој да стануваш една од оние досадните кои викаат: Леле, вие мажите сите сте исти.