Три години од гаснењето на А1

Видео клип на Игор Шокаровски, некогашен режисер во А1, посветен на стотиците луѓе кои учествувале во програмата на оваа телевизија, која, благодарејќи првенствено на Дарко Перушевски, своевремено имаше најинвентивна програмска шема од која, како наследство, за жал, денес ни останаа само турските серии.

Дојран има (к)рап

Езерото надојде, патека направија, против комарци прскаат... Сепак, досега како нешто да недостасуваше во целиот тој дојрански ривајвл. Но, еве сега го имаме и Самри и мозаикот е комплетен.

Новинарско откритие на денот

Македонски ТВ прилог кој навлегува во суштината на еден проблем. Тема е дивечот во кочанско. Има ли дивеч во кочанско? Има дивеч во кочанско! Тогаш во што е проблемот? Нема да ви се верува.

Брејкинг реклама

Доколку вашиот компјутер е дефект, дефект, дефект... Тука ви е Ферди, Ферди, Ферди... Цена по договор, договор, договор....