2014-та, ние спремни

Што се однесува до нас, 2013-та може одма да заврши а 2014-та одма да почне. Коста Бургов штотуку го извади календарот за следната година, календар по кој би можеле да се баждарат и јулијанскиот и грегоријанскиот.

Најкомпанија на Твитер: Ние.

Втора година по ред (иха, традиција!), нашето присуство на Твитер (@offnetmk) публиката го изгласала за најдобро претставување на една македонска компанија на оваа мрежа. Баш ни е драго.

Топ Гир Југославија

После Австралија, Русија и САД, еве ја и југословенската верзија на Топ Гиар. Прва епизода, три модели за тестирање: Југо 45, Застава 101, Фиат 750. "Ауто има и термостат."