Ху, баба, ху!

Приказна од 21-от век за куќата на духовите во Штип, "мистерија која трае со децении". Минувањето покрај куќата било стресно, пречекорувањето на нејзиниот праг било клетва. Присутните вампири ќе да се радикални фундаменталисти бидејќи проблеми прават само кога во куќата се наши, а кога има муслимани, ги оставаат раат. Ете, тоа. А ствaрно мислевте дека во овој век ќе кажуваме приказни за коли што летаат?  

Ако не па, да ја вратиме Катица Јанева?

А, господа амбасадори!? Таа ја уживаше вашата поддршка и уважение, редно е да ѝ се помогне на жената и да се рехабилитира. Ако еднаш рекетирала, не значи дека ќе го повтори делото! А може и Вилма Рускоска да ја вратиме која на повторено судење, наместо 300, ќе бара 600 години робија.

Како изгледа вечера за тазе мајка

Науката: Мајки доилки, особено во летен период, треба да јадат што повеќе течна и разновидна храна.

Клиниката за детски болести: