Како лови жртви еден македонски педофил

Виртуелните секс заебанции се раширен феномен во ера во која голем број луѓе добар дел од животот го минуваат онлајн. Но, сето тоа станува морничаво кога се работи за сексуални предатори кои на интернет ловат малолетни лица. На овој болесник таргет му се 12- 13 годишни, следи и 16 годишни девојчиња од своето соседство, а на крај станува бесен кога разбира дека соговорничката има дури 21 година. Крајно непријатно за читање, но, не е на одмет родителите и општеството одвреме-навреме малку да се сепнат.

ЈНА офицер и џентлмен

Образовно видео (веројатно некаде од 70-те) за тоа како треба да се однесува старешина на ЈНА.
- Старешина кој е во униформа може да носи чанта или помал уредно спакуван пакет. Носење најлон кеса, макар и сиво-маслинеста боја не е дозволиво.
- Иако ретко ќе наидеме на старешина кој шета со двете раце во џеб, многу се почести случаите на старешини кои едната рака ја чуваат во џеб.
- Старешини не смеат да пушат на улица или во присуство на повозрасен без негово одобрување.
- На воените лица изречно им е забрането автостопирање.