Техно балкан спот на денот

Го памтите црепот од Земун кој го фати неописива среќа на еден народен митинг со глуп повод? Му тртнале техно музика и изгледа совршено екстази.

А ова се вашите дробови во Тетово

Да ја ѕирнете течноста што ја испушта климата после филтрација на воздухот.

Србите технолошки не претркаа

Генијалниот ум смислил начин како во секој дом да се воведе атмосфера на кино сала и притоа да се ужива во филмо во легната состојба (што сугерира и извесна црногорска вмешаност во ваквиот патент). Потребна е само кутија и таблет.

Фотографија која не смеете да ја покажувате на мали деца

Ако најтажната божиќна песна e онаа на Pogues за Њујорк, тогаш најдепресивната новогодишна фотографија ни доаѓа од срцето на Скопје. Како што е ред, главен лик  е Дедо Мраз, оној кој верува во наградувањето на добрите дела, оној секогаш насмеаниот, оној кој влева надеж дека има подобро утре...