Глупи муабети, indeed

Смеењето и онака е преценета работа а семето на не-хуморот кое своевремено го посеа нашиот драг Стеф (тука и тука и тука), наидува на плодна почва. "Глупи муабети" е парчето на новиот талент Марјан Ангеловски чија главна особина е својот стенд ап да го прави седнат. Се препорачува клипот и да го гледате седнати, не би ли не дошло до немила сцена да се превртите од смеење.

Напред Беране и јака ви душа

Партијата на Српските радикали на гласачките ливчиња за локалните избори во Црна Гора го добива редниот број 3. Сега, нивниот кандидат (името на коалицијата е Напријед Беране) ќе ви објасни како е тоа космички важно. 3-ки за парламентарни избори запишувајте ова.

Кога нема звук, се плакнат очи

Објавувавме и странски и пар домашни варијанти на музички видео спотови без глас. Во сите има некаква напнатост, бидејќи нешто природно недостасува во тој спот. Не и овде. Кога ја имате онаа ултра згодна Маријана, на кутар Тајзи нема ни да помислите.