Битката за белградскиот аеродром

Тој со камерата би требало да е лиценциран таксист со дозвола за работа на аеродрoмот во Белград. Овие што ги снима и што го тепаат, бркаат и пцујат (онака сочно) се "дифтари." Плус, каква фора имаат за излегување од паркинг.

Нашиот X Фактор

Ахмед од Кичево, младо дете кое пее две зезнати народни песни. Инструментот го има во грлото и одлично го контролира, со вистинско насочување, би можел чуда да направи. Ама, неоти ќе биде така....

Илина на ТЕД

"Од јазикот кон светогледот и назад" е темата на една од најдобрите презентации што ги видела публиката на домашните изданија на ТЕДx. Умно, свежо, забавно, полно со сочни детали и луцидни објаснувања. Така се прави тоа. Илина Јакимовска, уредничка на Букбокс, наш човек.