Шабански подмладок

Земун како град важи зa главно мрестилиште на автохтониот балкански вид Шабани. Црн цвикер, залижана коса, горна тренерка набутана у долна, погрешни херои, шатро говор во која зборовите брате и мрак се користат како интерпункција.... За жал, со размножување немаат проблем. Еден нивен специмен од младинската екипа.

Александар Вучиќ: Мали, не сери!

Видео снимките како српскиот заменик премиер Александар Вучиќ в раце носи дете спасувајќи го од меќавата што ја зафати Војводина добија огромен публицитет. А публицитетот тешко се контролира. Одма го извадија во улога на Супермен, како Памела Андерсон во Бејвоч... а еве го и видеото кое дузина пати исчезнуваше и повторно се појавуваше на интернет.

Да им отвориме бавча?

Пазете увод на еден текст: "Низ секојдневниот метеж од луѓе и возила во кој секој вработен брза да стаса до работното место, студентот до универзитетот, ученикот до училиштето а невработениот во потрага за парче леб, да ја понуди неговата работна сила на некој од пазарите, никој не обрнува внимание ниту пак наслутува дека за миг може да биде изненаден од тап удар на некое забрзано возило, да стане учесник во сообраќајна незгода или жртва на асфалтот".