Длабоки политички резови

Во недостаток на добар домашен политички хумор (а и колку дрвачи се имаат накотено, и да имаме финта за една страна, треба автоматски да смозгаме и за другата, за да, леле-леле, не речат дека сме издале), одиме со едно супер подмолно парче со Чеда Јовановиќ. Значи, монтажа е.

Провиденца, Даниел Кајмаковски

Прилог на ТВ Орбис за една детска хистерија разгорена од гласини дека новиот пејачки идол на Македонија ќе се укаже и во Битола. Не е фер да ви кажуваме спојлери. Како што умно прогнозираше репортерот од местото на настанот:" Дали Даниел Кајмаковски ќе се појави или не, времето ќе покаже".

1 напред 9 назад

Видеото на ЈуТјуб е објавено со следниот опис: "AMIDZA SE RAZNIO". Не е другарски така да се збори, на секој може да му се случи.

Успех за скопската катна гаража

Кога ќе запнете, запнато е. Новата скопска катна гаража на нашиот архитект Милан Мијалковиќ и неговиот тим од Виена во својата категорија доби најмногу гласови од глобалната интернет јавност која учествуваше во изборот за престижните архитектонски награди Архитизер.