Имате ли докази дека сте живееле во 80-тите?

Ако да, тогаш вистинскиот човек за доставување на доказите е Саша Сале Павловиќ Павлака Фрешко екс Фрешко.

Стануј Витни

Кога Невена Цонева ја видовме првпат, помисливме "да е Витни Хјустон мртва, ќе се превртуваше во гроб." Витни сега веќе две години е мртва, па време е да се размрда.

Кај се тие испрчени гради? Ах, да не е оваа матура??

Освен после завршена четврта средно (матура), нашиот намачен и сиромав народ слави и после осмо (полуматура) а од пред некое време и после завршено четврто одделение! Тоа се викало миниматура. И ај што миниматура е макси-глупа работа. Друго е сега муабетот. Овие најмаливе за "миниматура" добиваат алманах. Може сме ние нешто збудалени, ама, се пишува ли ова за четвртоодделенци?