Има ли добри вести во Македонија?

Ако сте налетале на оваа њујоршка рубрика во која се наведуваат само убави работи што се случиле неделата, па ви се бендисала па сте решиле да проверите дали има нешто такво и кај нас, одма да ви кажеме: ИМАЛО!

Зошто во Тетово се пие повеќе Летизен и Вентолин од салеп

Заради "балансирање со социо-економскиот момент" на Југохром му се дадени уште две години фора еколошки да се упристои. Да преведеме на нашки: Овде можеш и нуклеарен отпад да фрлаш ако притоа вработуваш доволно луѓе. А сега да фрлиме еден поглед натаму, од Доброшки врв на Шара.