Мис Фуј и Мистер Бљак

Таа Лидија Велковска, колку што ние површно следиме тоа изборите на Мис, секоја година е поврзана со некои скандали. Од страна сето тоа изгледа килаво, траљаво, фушерски. И онда, пристоен човек ќе го батали сето тоа бидејќи е тотално Фуј, кога оно, ќа наиде на тотален Бљак!

Извинување од Трендо до Кајшаров

Пред да се бави со она со кое сега се бави, Тино Кајшаров беше пејач и како таков се најде во една колумна во Трендоленд. Слеп каков што го дал Господ, авторот на колумната не беше бил свесен дека во случајов, пеењето е најмалиот можен проблем. Ако пишувањето за него и неговите два (сега е јасно, прекрасни!) спота некако придонело тој да ја напушти пејачката кариера и да се посвети на бркање на ѓаволот (каков е бре тој ѓавол што му се плаши на Кајшаров?), му се извинуваме и нему и на сите засегнати страни. Пеј ни Тино, сè ти е простено! Во спорната колумна беа спомнати уште двајца пејачи, еден Славиша и еден Брајан со ипсилон. Нема ваљда и они?

Македонската естрада, од времето кога се сакаа

Песна на Џина Папас Џокси. Сцена: хаос! Петранка Костадинова шизи твист, Вики Среброва во астронаутско, Јонче мафта со 100 грама кафе. Уште не сте убедени? Eднаш кога ќе го пуштите, ќе сакате никогаш да не заврши.

Тино Кајшаров го истерува ѓаволот

Што и да пишеме за ова, колку и да се наругаме на оваа језа (ама стварно језа), знаеме дека откако ќе го изгледаат видеото, некои ќе помислат: "Кој би можел да ми даде контакт од дечково?" Ете, толку сме снеможени. Затоа, ведро да ви кажеме што нам најмногу ни пречи во овој егзорцистички хорор: тоа што видеото прекинува на најинтересното, кога таа легнатата треба да го исплука Лукавиот. Па не дознавме дали е тој повеќе на жолто или повеќе на зелено. Фак!