2015-та, бурговијански календар

Знаете кога новата година започнува по грегоријански, кога по јулијански. По бурговијански, 2015-та може да почне. Тоа што е кокичето за пролетта, тоа е календарот на струмичкиот славеј за новите години. Овојпат, со многу џемсбондовски стил, трпеливо и професионално чека фотографите да го сликнат па да види што награда има освоено на MTV Movie Awards. Ќе забележите, во овој календар (а оригинал е), некои денови и месеци ги нема. Навидум невешт потег зад кој се крие еден суптилен филозофски став кон времето, животот и вредностите. Браво Бургов. Коста Бургов.

Пресек на македонската медиумска сцена

Му правиш "Control + z" на мозокот и остатокот новинарски функции си работат беспрекорно.

Песна за наголтување

Вршат работа и "Калашњинков" и "Розо моја црвена", ама домашните пијанки некогаш знаат да имаат и андерграунд химни кои се пуштаат негде при крајот, кога баш ништо не е доволно глупо. Знаете, се враќате дома во никое време а од кај оние копиљаците од втори спрат се слушаат неидентификуван број машки гласови како бучат "Тури топла, тури топла....'

Мразот го стигна и министерот

Заради немање електрична енергија, граѓаните на Мајданпек неколку дена смрзнуваа во своите домови и малото рударско градче се наоѓаше пред евакуација. Ќе го видите ресорниот министер за енергетика Александар Антиќ како пред камерите на долго и широко ја демонстрира сета своја загриженост за тие луѓе, сè додека природата не реши да му покаже дека мразот не е нешто што им се случува само на други луѓе. Ау, како кармата знаела прецизно да гаѓа!