Не е секоја неспособност шанса за ПР

Пазете вест: Општина Центар ќе добие полициска помош и асистенција во справување со вандализмот, сообраќајниот хаос и прегласната музика во Капиштец. Пошто сами не можат да намалат, као не ги пуштаат на врата, немаат резервација.

Преспанско исчезнува побрзо од Преспански

Јули 2024. На Преспанско Езеро му се случува забрзано исчезнување. Во однос на ланскиот 5 јули, нивото е пониско за цели 39 cm, иако според досега воспоставената динамика на намалувањето беше очекувано намалување од околу 18-20 сантиметри. Можно е кон крајот на ноември езерото да достигне нов стогодишен минимум.

Професионалец

Толку добро го научила напамет она што треба да го каже што нема да дозволи едно обично паѓање во несвест да ја спречи да го каже текстот. Греота. Не е убаво да се смеете, ама, ние ќе ве разбереме. Други се тие што судат и очекуваме да се појават по коментари.