Кемтреилс во Скопје

Стварно, кога следниот пат некој во ваша близина ќе започне муабет за кемтреилс и како Американците нè трујат од небото (омиленото објаснување ни е дека нè трујат за неосетно да нè направат послушни, јер вака неотруени сме страв и трепет од бунтовништво), мавајте го со ова видео по глава, сè додека не му се разбистри тоа тиквата.  

Kаде се изгуби Глоријан?

Након свих ових година, не сме начисто дали повеќе ни е криво што никогаш не го запознавме Ристе од Припор или пак што го запознавме а потоа го изгубивме Глоријан. За младите генерации, потсетување на неговиот епски и досега ненадминат музички хет -трик.

Името, па сè друго

Шефот на европските либерали и екс премиер на Белгија, Ги Верхофштад, на својот Фејсбук профил постира видео од потегот на кинескиот уметник кој довлечка пијано за бегалците во Идомени. Притоа, паднаа во втор план сите можни аспекти на оваа приказна (живот, бегалци, војна, девојката е труп за свирење) откако грчките напалени будали видоа дека границата ја нарекол грчко-македонска.