Отпор, стоко

Предизборен постер на денот: босански, на тема купување гласови за избори и споредба на цените, изразени во конвертибилни марки.

Риплај на денот

Не е страшно ако по грешка добиеш СМС порака наменета за друг. Ама бравурозно е кога ќе те помешаат со поп, а ти нејќеш да ги разочараш.

Споменици и луѓе

Малку чудно склопен но занимлив странски документарец за овие простори. За социјалистичките споменици од времето на Тито (Тјентиште, Кадињача...) и луѓето кои денес живеат во нивна близина. При што ти останува дилема кој повеќе е запуштен: спомениците или тие луѓе.

Нашиов ништо не направил

Таман ќе си најдеме некоја пролазна политичка симпатија а тој велелепно ќе пропадне. Стигнаа резултатите на Константин од Теслиќ. Балканот ќе си тера по старо.