Сложни браќа врата клатат

Едни две наши слатки близначиња, уште од мали нозе учат да соработуваат на ист проект. Искрено се надеваме дека овој рано изразен "клати врата" талент, 20 години подоцна нема да го искористат само за да се вработат во државна администрација.

Дојдете на промоција кај Џовани

Едноставна, животна, искрена - таква е поезијата на Јовица, на која поголемиот дел од оние што сакаат да се нарекуваат македонски поети не ѝ се ни до колената. Во неговата биографија на крајот на оваа нова книга пишува: „Сè уште живее и работи во Скопје“. Фала богу, додаваме, инаку што би правел овој град без него?

Тошо Малерот за дијаспората

Васе замина џенем за Австралија но и таму кај што луѓето стојат на глава, тој брзо се исправи на нозе (додуша едната привремено во гипс). Ете го првиот скеч, за дијаспората и нејзините секирации околу стариот крај. Ма, преубав.