Ќути Валијант што не е спонзор

Не го хејтаме, Вучиќ одамна е народњачка институција која топ не ја бие и во однос на баграта накотена по интернет, човекот веќе е меинстрим. Само, стварно се одушевуваме како уште наоѓа иновативни начини да биде интерактивен и со публиката и со спонзорите. Со други зборови, знае да загризе.

Скептикот го најде Миленко

Оклопниот скептик е еден јутјубер кој ремети и раскринкува идеи од оној недефиниран простор на кој виреат конспирации, верски фундаментализам, џанк наука, кемтреилс, Земјата е рамна, вонземјани се меѓу нас и слични симпатичности.... Некако дошол до 'hilarious' емисија на Миленко за кој мисли дека е Русин или друг облик на живот од источна Европа, матичната татковина на ваквите идеи.

Пола пије, пола тетоважи даје

Да почнеш како втор пик во НБА (избран пред Кармело Ентони и Двејн Вејд), а да завршиш полугол, со пиво меѓу заби и со Баја мали Книнџа кој ти пее за Косово и Путин, една таква кариера може да има само едно објаснување: да пиеш за тројца луѓе. А ќе видите, Дарко Миличиќ го може тоа.