Просветно дело, какви се тоа цареви!

Ќе нè тужеле пошто сме го нарушиле нивното авторско право на тврдењето дека триаголникот е - квадрат. Дајте од тоа дрогите! 

Кумановско решение за небегање од школо

Куманово има оригинално решение како на децата да им долови дека со бегање од настава ем ќе си направат неочекувани дупки во знаењето ем ризикуваат со таков однос еден ден животот да ги проголта. Па некој решил да го забрза тој ден. Само некои општински челници се безбедни бидејќи имаат поголем дијаметар од дупката.

Никола и Мартина: Таа рекла - ДА!

Видео епопеја од едно македонско моторџиско запросување. Коњи, дронови, шкрипки, возење без раце, лапање на гидан, комплетче! Ок, од подскинатите хеланки на Мартина во пределот на колената може да се претпостави дека секој кадар баш и не им успеал од прва. На младите им посакуваме многу љубов и среќа, па и кациги да си дочекаат.

Изгорени од Велигден

Дел од расказот „Велигден “од учебникот по македонски јазик за четврто одделение. Видиш, нам досега никогаш не ни текнало да бидеме носталгични по тој момент.