Кога Грците се побунија против Македонците

За Филип, Александар и цела таа фамилија нас нè боли уво точно колку за Ким, Кло и целиот клан Кардашијан. Ама кога со политички декрет некои ќе им се доделат на едни а забранат на други, декрет потпишан од двајца премиери од кои барем за едниот од прва рака знаеме колкав му е капацитетот за географско-историски прашања (тој за Прличев мислеше дека е од Велес), ти доаѓа од инает да ја рушиш новата идила.

Пријавете го овој кај Грците за иредентизам

Од нашиот највисок законодавен дом, во најфрагилните моменти на македонско-грчките односи, координаторот на пратеничката група на СДСМ неочекувано извика: „Македонија е една!“ (на крајот на излагањето додаде: „И една ќе биде!“). Или на тој човек ништо не му е јасно што деновиве се случува па на ауто-пилот го вергла она што го вергла, или пак си мисли, ако во оваа мала Македонија, за 9 месеци тој успеал да земе 9.454 евра евра за патни трошоци, како ли ќе му тргне живеачката кога на државен трошок ќе ја шпарта таа цела „една Македонија“!?

Зоки Фактор Икс

За мислата и синтаксата на Саше Фактор Икс ќе се заколневме дека е уникатна и неповторлива. Тој ќе ја ја пуштеше реченицата надвор од себе, да плови и да меандрира наоколу и сам не знаејќи каде таа го води. На тој начин се добиваа толку надреални реченични склопови што беше незамисливо тој семантички семенски материјал да се фати и да изрти и на друго место. Оф, каква заблуда.

Што со циглата?

На времето имаше маалски битанги кои по ќошиња начекуваа жртви и им продаваа цигла. Ќе те начекаат, ќе те опколат и ти нудат да ја купиш. Ти за да не јадеш ќотек, им даваш пари - а они тебе ти даваат цигла.

Краткотраен обид да се наруши угледот на нашиот лидер

Очајот деновиве оди во секакви правци. По нас знаеме; после сите рокенроли, Лу Риди и Клешови, после сите Алан Форди и Монти Пајтони, нам ни доаѓа на сајт да ставаме песни од Петре М. Андреевски! Не дека Петре е крив за нешто, туку зашто тоа никогаш не било наш филм. Е, до толку сме снеможени. Туку, еве еден таков краткотрен крик (го снема за пола саат), јес аматерски и залуден, ама барем склопен на пристоен англиски. Но дискасити.