Христијан Божиков Кико - Нашата фирма

Одма да ви кажеме, нема да дознаете за која фирма се работи, што е многу згодно бидејќи песната може да се пее за која било фирма на новогодишните и други збиранки. Баш убаво ќе ги израдувате директорите или шефовите. Кико е, на пример, шеф (кој вреди за сто директори), кого сабајле секретарката топло го поздравува. Ударни стихови: „Фирмата ни е ко фамилија, не ни се излегува“. Како ли се раѓаат идеи за вакви умотворби?

До гледање, Игор

Помислив на еден од најкатастрофалните стихови било кога воопшто напишани на македонски јазик, Игоре:
„... и ти ги бацувам очите како прво изгрејсонце после зандана“
Катастрофа од стих... знаеш зашо?! Пошто не е мој, ами твој, Игор, е затоа е катастрофа!

Како се прави автопат во Македонија

Фаза „гребење асфалт“. Осум часот наутро, без никаква сигнализација. Изгребаниот материјал, наместо директно во камиони, се префрла покрај патот. Кичево - Охрид. Одамна немаат работено, изгледа имаат заборавено како се прави тоа.

Гљива го потепа Шериф

Ликови во оваа сторија се прочуените Назиф Гљива и Шериф Коњевиќ. Ако првпат слушате за нив, јбг. Сепак, тоа е само културолошки хендикеп кој не пречи да се ужива во сочноста на раскажувањето на Назиф Гљива и неговиот карактеролошки опис на Шериф Коњевиќ. Партали! Можете да замислите некој од овдешната естрада вака шеретски да заведува со оговарање колега? Не можете.