Заим, Хасиба и мачката

Босанци фукнале титлови на едно видевце со мачка која нејќе да ја бањаат. Па пресмешно.

Не можеш да се разбереш со тигар дур ти ја држи главата меѓу заби

Моментот кога на Черчил му викаат дека сите други опции се исцрпени и дека пред да бидат комплетни избришани, вистинско време е да се седне и преговара за да се издејствуваат најдобите можни услови (бидејќи секој нареден договор ќе биде полош, ви текнува?). А и Хитлер да ти бил разумен па немало да инсистира на сите барања.... Ех. Патем, филмот се вика „Најцрниот час“, ама тоа допрва некому ќе му светне.

Санадер на денот

Новинарката: Сметката ви е блокирана па се наметнува прашањето од што вие живеете?
Санадер: Се наметнува, а? Е па, ако се наметнува прашањето, најдете му одговор.

Среќно вселување, драг мајмуне

Прилог за група анонимни герилци од Ниш кои со провокација и исмевање го забрзуваат решавањето на оние градски проблеми за кои обично „се прават анализи“, „во најскоро време“ или „процедурите се во тек“. Овие садат цвеќиња во асфалтните дупки на улиците и ли пак седнуваат и фаќаат риба во нив. Да видите како службите знаат одма да реагираат кога јавно ги ругаш.