Брак се чита меѓу редови

Жената разумно го сумира нивниот долг заеднички живот, имало тешки моменти кои требало заедно да се пребродат, имало и убави моменти а најважно од сè, вика, е кога меѓу двајца има разбирање и почит. Но, сликата за нивниот брак станува 3Д дури откако таа ќе заврши па ќе му рече и тој да каже нешто.

Из ит а чудо, из ит а природен феномен?

„Чудо или природен феномен?“ загадочно скокотка насловот на овој штипски ТВ прилог за нешто што се појавило на пресечено дрво. Што тоа? Куче! Досега стандардно се појавуваше сонцето од Вергина (дека сме прастари), ликот на Тоше (дека е ангел) или Богородица (дека жени секогаш биле по селфи). Ова со кучево или е знак дека (не) сме село без кучиња или пак потсетување дека куче што лае - не каса.    

НВО мистерии

„Цивилна операторка заинтересирана за.... слободно време“?

Живот близу Бога

Кочани. Храмот ,,Свети Ѓорѓи” во Кочани е на само 250 метри од овде. Ама ако, нека има.

Каде оди Институтот за психологија?

Имаше професори кои не се заложија да примат асистент. Тоа се правеше од практични причини. Ако професорот нема асистент, работата што требаше да ја врши асистентот, или дел од неговата работа, ја вршеше професорот и за тоа тој беше платен. И други фактори влијаеја на состобата на Институтот за психологија: самозаљубеноста, зависта, љубомората, групирањето, подметнувањето...